Фудбалерот од средниот ред на Норич, Александер Тети вели дека стилот на игра на Тотенхем се сменил целосно под Жозе Мурињо, повторно потенцирајќи го „негативниот“ фудбал кој го практикува Португалецот.
Норвежанецот Тети вели дека има целосна промена на стилот на игра од времето на Маурисио Почетино откако Норич успеа на пенали да го исфрли Тотенхем од четврт-финалето на ФА купот.
„Тие сега целосно го сменија стилот. Претходно беа многу агресивни и добри со топката под Маурисио Почетино, а сега само те чекаат да видат што ќе направиш ти. Ако играш како што игра Норич, имаш многу шанси за гол против нив“, вели Тети во интервју за норвешкиот портал „Вг.но“.
Мурињо го замени Почетино по ужасниот старт на сезоната, и првата цел беше да се зацврсти дефанзивната стабилност на тимот, но досега нема таков ефект – Тотенхем прими 37 гола во 24 меча под Португалецот. Во моментов Тотенхем се на седмото место во Премиер лигата, а следната недела го играат реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, откако дома загубија 0:1 од РБ Лајпциг.