Top Sport

Тотенхем без милост против Стоук (видео)

Тотенхем по четири меча во Премиер лигата се врати на победите, откако го „уништи“ тимот на Стоук со импресивни 5:1 на „Вембли“.

Првото полувреме беше тешко за тимот на Маурисио Почетино, иако имаа водство од 1:0 по автоголот на Шокрос во 22. минута, но затоа во второто се случи вистинска „експлозија“ пред голот на гостите.

Хеунг-Мин Сон во 53. минута зголеми на 2:0, за само една минута подоцна Хери Кејн да го погоди голот за убедливи 3:0.  Десетина минути подоцна Кејн повторно стрелаше, за Кристијан Ериксен во 74. минута да доведе водство од 5:0, пред Шокрос, човекот кој си го постигна автоголот во првото полувреме да постигне утешувачки гол за Стоук.

Со победата, Тотенхем стигна до петтото место во Премиер лигата со 28 поени, дури 15 зад лидерите Манчестер сити по лошата низа по која Почетино призна дека веќе не се во трка за трофејот.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 16.КОЛО

Барнли – Ватфорд 1:0

Кристал Палас – Бурнемаут 2:2

Хадерсфилд – Брајтон 2:0

Свонси – Вест Бром 1:0

Тотенхем – Стоук 5:1

Scroll to Top