Сон Хјеон-мин е суспендиран на три натпревари поради црвениот картон што го доби на вчерашното дерби со Челси. Тотенхем беа поразени од „сините“ во градската пресметка со 2:0.
Репрезентативецот на Јужна Кореја доби црвен картон во 62 минута, тој намерно го удри противничкиот играч Антонио Ридигер.
Сон ќе го пропушти мечот што на „Боксинг деј“ Тотенхем ќе го одиграат против Брајтон, како и гостинските натпревари против Норич и Саутемптон на 28 декември оваа и 1 јануари наредната година.
Сон „поцрвене“ и на почетокот на ноември кога невнимателно налета на играчот на Евертон Андре Гомеш кој потоа се здоби со тешка повреда, поради која ја заврши сезоната. Сепак ФА му го поништи тој црвен картон.