Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ќе го допушти заминувањето на Хери Кејн за Манчестер јунајтед поради загриженоста за финансиската стабилност на клубот, но и желбата на англискиот капитен да освојува трофеи, но за да се случи тоа, „ѓаволите“ ќе треба да постават нов рекорд со трансфер од 200 милиони фунти.
Според „Дејли мејл“, Леви му порачал на Кејн дека може да замине ова лето, но само со рекорден трансфер, откако клубот има најмногу стравувања од економската криза бидејќи уште го отплаќа стадионот кој чинеше над милијарда фунти и извештаите дека клубот должи 637 милиони фунти за стадионот и 83 милиони фунти за трансфери.
И покрај огромниот број на критики, Тотенхем беше меѓу првите клубови кои потврдија дека ќе ја користат шемата на британската влада за социјална помош, поставувајќи ги сите вработени освен фудбалерите на 80 отсто плата која ќе им биде исплатена од страна на владата.
Кејн, кој е во аут од јануари поради повреда на бутниот мускул, неодамна преку Инстаграм најави дека можеби е време да замине од Тотенхем доколку клубот не почне да освојува титули. Сепак, сумата од 200 милиони фунти е повисока од рекордот кој ПСЖ го плати на Барселона за Нејмар, и цифра која тешко ќе се достигне во неизвесно време. Дури и да не се дојде до оваа сума, трансферот сигурно би го срушил британскиот рекорд – 89-те милиони фунти кои Јунајтед ги платија за Пол Погба.