Top Sport

Тотенхем еден месец без Ришарлисон

Напаѓачот на Бразил, Ришарлисон, повреден се вратил во Лондон од Светскот првенство. Поради повреда на лигаментите на коленото, Ришарлисон ќе отсуствува еден месец.

Според „Дејли Мејл“,Ричарлисон се повреди во четвртфиналето на Светското првенство, против Хрватска. Повредата ја почувствувал на загревањето, но на теренот остана 84 минути.

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека со нетрпение очекува Ришерлисон да се врати во формата во која играше Светското првенство.

Земајќи ја предвид повредата на бразилскиот ас, јасно е дека во преостанатиот дел од сезоната Тотенхем ќе се потпира на голгетерските способности на Хари Кејн, кој по враќањето од Мундијалот доби седум- дневен одмор.

Scroll to Top