Top Sport

Нејмар ослободен од обвиненијата за корупција

Судот во Барселона го ослободи од обвиненијата бразилскиот фудбалер Нејмар. Покрај него, ослободени се и неговиот татко, поранешниот претседател на Сантос Одилио Родригез и поранешните директори на Барселона Сандро Росела и Хосеп Бартомеу за измама и корупција во врска со трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона во 2013 година, пренесува АП.

Бразилската компанија ДИС го обвини Нејмар и другите дека намерно ги кријат трошоците за неговиот трансфер за да избегнат да и го платат уделот на бразилската компанија како еден од носителите на правата за играчот на ПСЖ.

Шпанскиот суд во денешното соопштение наведе дека не е докажано дека имало договор со измама или дека ДИС намерно бил оштетен.

Нејмар помина четири години во Барселона и во тој период освои една титула во Лигата на шампионите и две титули во шпанската лига. Во 2017 година за рекордни 222 милиони евра од Барселона замина во ПСЖ.

Scroll to Top