Top Sport

Тотенхем го декласира Њукасл

Тотенхем покажа моќ против Њукасл славејќи со 5:1 на домашен терен, а со тоа се оскачи и на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата со 54 бода. Толку има и Арсенал, но и два одиграни натпревари помалку.

Шар го изненади Хуго Лорис од слободен удар во 39.минута за водство на Њукасл, но Бен Дејвис не дозволи гостите да заминат со позитива на одмор.

Доерти и Сон на почетокот на второто полувреме се погрижија за пресврт, а Емерсон Ројал и Стивен Бергвајн до крајот погодија за убедлива победа на Тотенхем.

Scroll to Top