Top Sport

„Волчицата“ ја гризна Сампдорија

Рома успеа да победи минимално (0:1) на гостувањето кај Сампдорија и ги продолжува надежите дека може да стигне и до четвртата позиција на табелата во Серија А која води во Лигата на шампионите.

Хенрик Мхитарјан беше стрелец на победничкиот гол за „волчицата“ во 27.минута. Тами Абрахам имаше убава шанса да стави точка на триумфот, но не беше прецизен во вториот дел од натпреварот.

Сампдорија со 29 бода се наоѓа на 16. позиција на табелата и се уште нема обезбедено опстанок.

Scroll to Top