Тотенхем до крајот на неделава ќе го реализира трансферот на Ив Бусума (25) од Брајтон. „Тајмс“, тврди дека трансферот ќе изнесува 30 милиони евра.
Споменатиот извор понатаму наведува дека Тотенхем се уште не ги договорил финансиските детали со Бисума, но напоменува дека тоа нема да биде проблем. Во Лондон биле убедени дека репрезентативецот на Мали до крајот на неделата ќе ги ги заврши лекарски прегледи.
Брајтон мора да го продаде Бисума, откако тој одби да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето.
Бисума на „Амекс“ стадинот пристигна од Лил пред четири години за 17 милиони евра.
Трансферот на Бисума ќе биде втор најголем во клупската историја на Брајтон. Минатото лето во Арсенал за сума од 58,5 милиони евра се пресели Бен Вајт.
Бисума ќе биде третото засилување за Тотенхем од почетокот на преодениот рок. Претходно клубот ги потпиша Иван Перишиќ и голманот Бен Фостер.