Жозе Мурињо го донесе првото засилување како тренер на Тотенхем, откако 21-годишниот Жедсон Фернандеш пристигна од Бенфика со 18-месечен договор за позајмица, по што лондонскиот клуб ќе има опција да го откупи неговиот договор.
„Пресреќен сум што сум тука денеска, ова е остварување на мојот сон, да се игра за голем клуб. Немам зборови за стадионот на Тотенхем, не сум видел вакво нешто во животот. Сакам да успеам со клубот“, изјави Фернандеш.
Фернандеш имаше одлична форма за Б-тимот на Бенфика на стартот на 2018 и доби повик од португалската репрезентација, за која дебитираше при 1:1 ремито со Хрватска. Руи Виторија му даде шанса да дебитира и во првиот тим на Бенфика, но откако беше отпуштен минатиот јануари, новиот тренер Бруно Лаге не му даде шанса и тој имаше само еден настап оваа сезона за првиот тим.
?? #BemVindoGedson ?? pic.twitter.com/ZibMjeBCJG
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 15, 2020