Дербито на северен Лондон, дуелот помеѓу Тотенхем и Арсенал, на 2 март, од безбедносни причини ќе биде одигран на „Вембли“.
Тотенхем никако да се вселат на новиот стадион, чие отворање требаше да се случи уште во септември минатата година. Изминатите недели на стадионот имало проблеми со системот за против-пожарна заштита. Ново тестирање на системот ќе биде извршено в четврток.
Поради ова дуелот со Арсенал нема да биде одигран на новиот „Вајт Харт Лејн“, а како сега стојат работите можно е стадионот да биде отворен на 17 март кога Тотенхем ќе игра против Кристал Палас.
Новиот стадион се наоѓа на местото каде што беше стариот „Вајт Харт Лејн“, а ќе може да прими 62.062 гледачи.