Тотенхем ќе мора да ги игра сите мечеви од групната фаза на Лигата на шампионите на „Вембли“, по уште едно одложување на преселбата на обновениот „Вајт харт лејн“, потврди премиерлигашот.
„Спарси“ требаа првиот меч на стадионот со 62 илјади седишта да го одигра на 15 септември против Ливерпул, но поради проблеми со безбедноста, мечевите беа преселени на „Вембли“. Тимот на Маурисио Почетино ќе ги пречека Барселона (3 октомври), ПСВ Ајндховен (6 ноември) и Интер (28 ноември) на „Вембли“, каде што ќе се игра и мечот од Премиер лигата против Манчестер сити на 29 октомври.
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви вели дека прават сѐ што е можно новиот стадион да биде подготвен.
„Одложувањето носи и дополнителни трошоци, заедно со непријатноста за нашите фанови. Маурисио, неговиот тим и фудбалерите ја подржуваат оваа одлука со голема почит“, вели Леви.