Тотенхем одбиле да му дозволат на Хери Кејн да се поздрави со своите соиграчи и да си ги собере своите работи неколку часа пред трансферот во Баерн Минхен, тврди „Телеграф“.
30-годишниот Кејн се пресели во Германија во трансфер вреден 85 милиони фунти, заминувајќи по 19 години во клубот од северен Лондон.
Но, во тажен развој на настаните за англискиот капитен, Кејн исто така не добил дозвола да влезе во тренинг-центарот на Тотенхем пред да одлета во Германија. Официјално, неговите претставници не сакаа да го коментираат однесувањето на Тотенхем, но очигледно дека разделбата не била срдечна.