Top Sport

Тотенхем не му дале на Кејн да ги поздрави соиграчите пред трансферот во Баерн

Тотенхем одбиле да му дозволат на Хери Кејн да се поздрави со своите соиграчи и да си ги собере своите работи неколку часа пред трансферот во Баерн Минхен, тврди „Телеграф“.

30-годишниот Кејн се пресели во Германија во трансфер вреден 85 милиони фунти, заминувајќи по 19 години во клубот од северен Лондон.

Но, во тажен развој на настаните за англискиот капитен, Кејн исто така не добил дозвола да влезе во тренинг-центарот на Тотенхем пред да одлета во Германија. Официјално, неговите претставници не сакаа да го коментираат однесувањето на Тотенхем, но очигледно дека разделбата не била срдечна.

Scroll to Top