Top Sport

Тотенхем не се откажува од борбата за Европа – важни три поени кај Брајтон

Тотенхем стигна до 2:0 победа на гостувањето кај Брајтон за да остане во трка за пласман во топ 4 или барем во место кое води во Лига Европа, враќајќи се од поразот во дербито со Манчестер јунајтед.

Хери Кејн уште во четвртата минута имаше совршена шанса да ги донесе гостите во водство, но успеа да промаши празен гол. Сепак, Дејан Кулушевски во 37. минута му асистираше на Кристијан Ромеро за водство на Тотенхем, пред Кејн да се поправи во 57. минута и да зголеми на 0:2.

Тотенхем сега се седми со 48 поени, колку што има и шестопласираниот Вест хем и на два поени од петтопласираниот Манчестер јунајтед.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top