Top Sport

Чеферин: На еден или на друг начин Ливерпул ќе бидат шампиони

И покрај претходните закани дека шампионатите мораат да бидат комплетирани, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин вели дека не гледа ситуација во која Ливерпул нема да ја освојат титулата од Премиер лигата дури и остатокот од шампионатот да не се доигра.

Тимот на Јирген Клоп имаше 25 поени предност пред Манчестер сити кога лигата беше прекината минатиот месец и им беа потребни само две победи за да ја осигураат првата титула по 30 години пауза. По ова следуваа безброј коментари за тоа како ќе се заврши сезоната, дали Ливерпул треба да го добие трофејот, но сега Чеферин вели дека без разлика дали ќе ја освојат на теренот или ќе им биде доделена.

„Не гледам начин на кој Ливерпул ќе останат без титула. Ако Премиер лигата продолжи, Ливерпул сигурно ќе ја освојат титулата. Теоретски не е готово, но практично е така. Дури и да се случи да не се заврши сезоната, ќе мораме да најдеме начин да ги прогласиме конечните резултати, да ги прогласиме шампионите. И повторно, не можам да замислам сценарио во кое Ливерпул нема да се шампиони. Сфаќам дека фановите ќе бидат разочарани ако тоа се случи на празен стадион или во канцеларијата на федерацијата, но титулата ќе ја добијат“, вели Чеферин во интервју за словенечкиот спортски весник „Екипа СН“.

Scroll to Top