Top Sport

Тотенхем повторно без одговор за Челси

Тотенхем четврти пат оваа сезона загубија од Челси, откако „сините“ не дозволија грешка на „Стемфорд бриџ“ стигнувајќи до 2:0 победа, што во исто време претставува и прв пораз на нивниот поранешен менаџер, Антонио Конте на клупата на Спарс.

Со победата, Челси се доближува на 10 поени од лидерот во Премиерлигата, Манчестер сити, и тоа со натпревар повеќе, додека Тотенхем остануваат на седмото место со 36 поени, два поени зад четвртопласираните Манчестер сити (иако со два натпревари помалку).

Хаким Зијеш во 47. минута од мечот, постигна апсолутно прекрасен гол од далечина за да го донесе тимот на Томас Тухел во водство, а победникот беше решен само осум минути подоцна, кога Тијаго Силва беше највисок во шестнаесетникот на гостите за 2:0.

Графика: SofaScore за Топспорт.мк

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top