Фудбалскиот клуб Тотенхем успеал да се договори со УЕФА, првиот меч оваа сезона во Лигата на шампионите да го одигра на стадионот „Вембли“.
Тотенхем, претходно најави дека новиот стадион ќе биде завршен и пуштен во употреба на 15.септември и тоа на натпреварот против Ливерпул.
Сепак, подоцна од клубот објавија дека поради безбедносните услови тој натпревар, како и првиот меч во Лигата на шампионите, нема да бидат одиграни на новиот стадион.
Тотенхем, првиот натпревар како домаќин во Лигата на шампионите ќе го одигра на 17.септември или на 1.октомври.