Тотенхем потврдија дека го комплетирале трансферот на Мет Доерти од Вулверхемптон за околу 15 милиони фунти. Ирскиот десен бек, кој има 28 години, потпиша четиригодишен договор со лодонскиот клуб.
Доерти имаше над 300 настапи за Вулфс откако пристигна на „Молињу“ од ирскиот клуб Бохемијанс пред 10 години.
Тој е третото засилување за тимот на Жозе Мурињо ова лето по Пјер-Емил Хојбјерг од Саутемптон и голманот Џо Харт од Барнли.
It’s time to #WelcomeDoherty! ✍️ pic.twitter.com/NOE5EEvMoA
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 30, 2020