Тотенхем му даде нов петгодишен договор на својот тренер, Аргентинецот Маурисио Почетино, кој сега ќе остане на „Вајт харт лејн“ до јуни 2023 година.
Почетино дојде од Еспањол во 2014 година и оттогаш ги предводеше до два пласмани во топ 4, а оваа сезона стигна и до осминафиналето од Лигата на шампиони со лондонскиот клуб.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) May 24, 2018
„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека Маурисио Почетино потпиша петгодишен договор со клубот. Хезус Перез, Мигуел Д’Агостино и Тони Хименез исто така добија нови договори со што тренерскиот тим останува ист“, објави Тотенхем.
Почетино оваа сезона беше поврзуван со можен трансфер во Реал Мадрид како замена за Зинедин Зидан, но сега вели дека е пресреќен што останува во северен Лондон.
„Почестен сум што имам долгорочен договор бидејќи влегуваме во еден од најзначајните периоди во историјата на клубот, со отварањето на нашиот нов стадион“, изјави Почетино.
Фото: ЕПА