Повратникот во англиската Премиер лига, Астон вила до 73. минута имаше фантастична предност од 1:0 над финалистите од ЛШ, Тотенхем, но домаќините со чудесен пресврт на крајот стигнаа до 3:1 победа.
Џон Меккгин уште во деветтата минута од мечот по еден брз контранапад донесе водство за гигантот од Бирмингем, по што следуваше апсолутна доминација на тимот на Маурисио Почетино, но без вистински резултат.
Сепак, „бункерот“ на Вила „пукна“ во 43. минута, кога новото засилување на Спарси, Танги Ндомбеле упати фантастичен удар од 20-тина метри за израмнување. Во финишот, пак, се покажа квалитетот на Хери Кејн, кој во 86. и 90. минута го комплетираше одличниот пресврт и донесе три поени во првото коло од новата сезона.