Фаворитите во Премиерлигата, Манчестер Сити, Челси и Тотенхем вечерва одиграа според планот, забележаа сигурни победи на домашен терен во 32. коло.
„Граѓаните“ од Манчестер пак се на врвот на табелата пред Ливерпул откако со 2:0 славеа против тимот на Кардиф кој грчевито се бори за опстанок. Двата гола беа постигнати во првите 45 минути, а беа дело на Кевин Де Брајн и Лерој Сане.
Тотенхем со победа го отвори новиот стадион, совладан е тимот на Кристал Палас со 2:0. Стрелци на головите беа Сон во 55. и Ериксен во 80. минута.
Победи и Челси и тоа најубедливо вечерва со 3:0 против Брајтон.
Еве ги најинтересните моменти од сите три дуели: