Top Sport

Валенсија го сруши Реал на Зидан (Видео)

Фудбалерите на Валенсија го победија Реал Мадрид, во рамките на 30 коло во Ла Лига со 2:1 и се доближија до четвртата позиција на табелата.

Екипата на Марселино Торал, по две години успеа да слави во натпревар против „кралскиот клуб“. Во претходните 24 месеци Реал победи три пати, а еден меч завршил без победник.

Валенсија до предност дојде преку Португалецот Гонзало Гуедеш во 35 минута. Откако во вториот дел не реализираа неколку одлични шанси, прашањето на победникот домашните играчи го решија во самиот финиш кога Езекиел Гарај втор пат го совладаа Кејлор Навас.

На истекот на натпреварот Карим Бензема го постави конечниот резултат.

Валенсија се наоѓа на петтото место на табелата, со бод помалку од Хетафе, а Реал остана на третото место со пет бода помалку од Атлетико и 13 од Барселона.

Scroll to Top