Top Sport

Тотенхем со победа го „сефтоса“ новиот стадион, Сити пак е пред Ливерпул (видео)

Фаворитите во Премиерлигата, Манчестер Сити, Челси и Тотенхем вечерва одиграа според планот, забележаа сигурни победи на домашен терен во 32. коло.

„Граѓаните“ од Манчестер пак се на врвот на табелата пред Ливерпул откако со 2:0 славеа против тимот на Кардиф кој грчевито се бори за опстанок. Двата гола беа постигнати во првите 45 минути, а беа дело на Кевин Де Брајн и Лерој Сане.

Тотенхем со победа го отвори новиот стадион, совладан е тимот на Кристал Палас со 2:0. Стрелци на головите беа Сон во 55. и Ериксен во 80. минута.

Победи и Челси и тоа најубедливо вечерва со 3:0 против Брајтон.

Еве ги најинтересните моменти од сите три дуели:


Scroll to Top