Top Sport

Тотенхем со три гола во седум минути го помина Вајкомб

Тотенхем со 4:1 славеше на гостувањето кај Вајкомб во четвртото коло од ФА купот, иако губеше од 25. минута, а до 86. минута беше израмнето 1:1!

Фред Оњедимна ги донесе второлигашот во водство во 25. минута, пред Герет Бејл, кој имаше редок старт за Спарси оваа сезона во 45. минута да израмни на 1:1. Кога домаќините се понадеваа дека е можно да одат на продолженија и пенали, Тотенхем врати со три гола за само четири минути.

Хери Винкс во 86. минута и Танги Ндомбеле во 88. минута и 93. минута обезбедија тимот на Жозе Мурињо да добие пресметка со Евертон во 1/16 финалето на најстарото клупско натпреварување на светот.

Scroll to Top