Top Sport

Тотенхем за 30 минути го растури Лидс

Тотенхем го декласира Лидс на „Елан роуд“ со 4:0. Лидс со овој пораз ја продлабочи кризата, веројатно е дека менаџерот Марсело Бјелса ќе добие отказ.

Тотенхем за 27 минути ја обезбеди победата во Лидс и ги задржа шансите за пласман на четвртата позиција.

Уште еднаш Лидс покажаа дека нивната одбрана не е на нивото потребно за Премиер лигата. Од почетокот на сезоната Лидс имаат примено 60 голови, најмногу од сите тимови во Премиер лигата.

Серијата головија ја отвори Доерти во 10.минута, а пет минути подоцна Кулушевски зголеми на 2:0. Прашањата околу конечниот победник ги реши Кејн во 27.минута. Точка на натпреварот стави Сон во 85.минута.

Лидс имаше неколку добри шанси но ниту еднаш не успа да ја затресе мрежата на Љорис. Рафиња два пати ја погоди стативата, Далас се посрамоти на празен гол, а Џејмс од поволна позиција шутираше крај голот на Тотенхем.

Scroll to Top