Top Sport

Менаџерот на Шенгелија: Токо не заминал од ЦСКА

Никос Варлас, ги демантира грузиските и руските медиуми, дека неговиот клиент Торнике Шенгелија, повеќе нема намера да игра за ЦСКА Москва. Медиумите пишуваа дека Шенгелија реколд дека „не сака да игра за клубот на руската армија“.

„Токо Шенгелија не дал никаква изјава, за ниту еден медиум. Во моментот е фокусиран на благосостојбата на своето семејство. За понатамошните чекори најпрвин ќе го извести клубот“, рекол менаџерот на кошаркарот.

На објавата дека Шенгелија го напушти тимот и побарал да му биде раскинат договорот реагирал и неговиот соиграч, Вил Клајбурн.

„Лага“, напишал на социјалните мрежи Американецот.

Шенгелија е во Шпанија со семејството, но тоа според менаџерот не е никаков проблем бидејќи тој веќе е ден месец не игра поради повреда.

Грузиецот во ЦСКА пристигна од Басконија во 2022 година, договорот му важи до 2023.

Scroll to Top