Иако имаат огромни долгови поради изградбата на новиот стадион, Тотенхем земаа кредит од 175 милиони фунти од „Бенк оф Ингланд“ за да го олеснат финансискиот притисок поради корона вирусот по извештаите дека се во загуба 200 милиони фунти од прекинот на Премиер лигата.
Тотенхем потврдија дека ја искористиле програмата на британската влада за позајмица со камата од 0.5 отсто, слично како авио-компанијата „Изи џет“. Клубот ќе го отплати кредитот во април 2021 година, освен ако ги искористат условите за нови 12 месеци, но парите нема да можат да бидат потрошени на трансфери ова лето.
Клубот од северен Лондон претходно објави дека ќе ја користи владината помош со која ќе им беше исплаќано до 80 отсто од платата на персоналот, но по реакциите на фановите и на фудбалерите, се откажаа од оваа помош.
Тотенхем имаат „кредит“ од 852 милиони фунти за новиот стадион!