Франческо Тоти признава дека бил „многу блиску“ до трансфер во Реал Мадрид, но верува дека ја направил исправната одлука кога решил да остане во клубот од детството Рома.
Тоти се повлече од фудбалот во мај 2017 како еден од ретките фудбалери кои цела кариера ја поминале во еден клуб, станувајќи вистинска легенда на „волчицата“, но легендарниот број 10 вели дека бил можен трансфер само во Мадрид.
„Бев многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но направив огромна животна одлука да останам во Рома целата кариера. Да решев да заминам, целта ќе беше да се оди надвор, но само во Реал Мадрид поради почитта кон навивачите на Рома. На крајот, мислам дека не згрешив што останав во тимот за кој секогаш сум навивал и ќе навивам“, вели Тоти.