Top Sport

Тоти е лут на челниците на Рома: Не им беше гајле за мене!

Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти (44) пред речиси 4 години ја заврши фудбалската кариера, а потоа доби една од директорсите позиции кај „волчицата“.

Легендарниот Италијанец целата фудбалска кариера ја помина во Рома, цели 25 години го носеше дресот на „волчицата“, а по завршувањето на кариерата одлучи да остане во клубот.

Сепак, Тоти не се задржа долго на „Олимпико“ и по несогласувањата со челниците на клубот, одлучи да си оди. Тоа не им се допадна на навивачите.

Тоти се огласи за италијанските медиуми и изјави дека верувал дека целиот живот ќе го помине во Рома.

„Мислев дека засекогаш ќе сум во Рома. Но, ме ставија до ѕид и ме натераа да донесам одлука која никогаш не би ја донел. Направив избор и одлучив да си одам, но сепак да останам во светот на фудбалот. Да седневме и да поразговаравме, тоа сигурно нема да резултира вака. Сепак не им беше гајле за мене и одлулив да си одам. Лут сум што ме исклучија на таков начин, но животот продолжува“ изјави Тоти.

Тоти кој е попознат како „Принцот на Рим“ од 1992. до 2017. го носеше црвениот дрес одигра 786 меча, постигна 307 голови, освои титула во Серија А, две во Купот на Италија и две во Суперкупот на Италија.

Scroll to Top