Top Sport

По цели 20 години Пау Гасол повторно во дресот на Барселона

Кошаркарскиот клуб Барселона денеска потврди дека во нивните редови доаѓа големо засилување – Пау Гасол. Легедарниот шпански кошаркар потпипал договор до крајот на сезоната.

„Среќен сум што се враќам во клубот во кој никнав и возбуден поради можноста. Се надевам дека брзо ќе придонесам за екипата“ напиша Гасол на социјалните мрежи.


Шпанецот дресот на Каталонскиот клуб го носеше последен пат во 2001. Година кога соиграч тогаш му беше актуелниот тренер на клубот, Шарунас Јасикевичиус.

Потоа тој се пресели во НБА лигата каде помина цели 18 сезони играјќи за Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс – тимот со кој двапати беше шампион во лигата.

Пау Гасол шестпати беше дел од Ол-стар мечевите, двапати беше дел од втората НБА петорка.

Со Шпанија освои три златни медали, две сребра и две бронзи од Евробаскетот, каде трипати беше МВП.

Scroll to Top