Top Sport

Ѓоковиќ понуди помош по разговорот со синот на Борис Бекер

Новак Ѓоковиќ откри дека контактирал со еден од синовите на Борис Бекер за да понуди било каква помош откако германската тениска легенда заврши во британски затвор за измама по криење на имот.

Србинот работеше со Бекер три години од 2014 до 2016, период во кој освои шест гренд слем титули и 14 Мастерс титули. 54-годишниот Бекер доби казна од две и пол години во април и му се заканува депортирање по отслужувањето на казната.

„Како човек кој го смета Борис за пријател и член на семејството, многу ми е тешко. Секогаш имавме фантастични односи, посебно кога работевме заедно и остваривме големи работи. Дури и подоцна, нашите односи беа уште подобри. Бев во контакт со еден од неговите синови, Ноа, за да прашам дали може да помогнам некако, бидејќи не можам да контактирам со Борис. Многу е тажно кога некој кој го познавам толку добро и кој е легенда во нашиот спорт, поминува низ такви работи. Помина само еден месец, не знам колку време ќе треба да биде таму. Се надевам дека ќе биде здрав и силен“, вели Ѓоковиќ.

Scroll to Top