Франческо Тоти покажа дека е легенда и надвор од фудбалот, откако се сретна со Иленија Матили, 19-годишната поранешна фудбалерка и голем навивач на Рома, која се разбуди од кома слушајќи ја неговата видео порака со поддршка.
Родителите на Иленија, неодамна, во интервју за весникот „Ла република“ објаснија дека видео пораката на Тоти со зборовите: „Не предавај се Иленија, сите сме покрај тебе“, помогнала таа да излезе од кома во која била поставена во декември минатата година по тешката сообраќајна несреќа. Тие исто посакаа тој да дојде да ја посети.
Тоти го направи токму тоа, денеска, еден ден по неговиот роденден, беше во болницата во Рим каде што Иленија го продолжува опоравувањето – уште не зборува, но со помош на таблет комуницираше со Тоти.
„Се насмеа, ме гушна и заплака. Беше прекрасно да ја запознаам и ќе се видиме кога ќе излезе од болница“, вели Тоти.