Top Sport

Риверс поднесе оставка – ЛА Клиперс останаа без тренер

Док Риверс повеќе не е тренер на кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс. Тој решил да поднесе оставка откако не успеа да стигне до финалето во НБА лигата. Клиперс во плејофот беа елиминирани во седум натпревари од Денвер Нагетс.

Риверс беше тренер на оваа франшиза од 2013 година и никогаш не успеа стигне до конференциското финале. Оваа сезона беше најблиску до такво остварување меѓутоа неговиот тим испушти предност од 3:1 вo серијата.

„Благодарност до Клиперси што ми овозможија да бидам тренер, благодарам за поддршката што ја имав. Кога го презедев тимот имав цел од оваа франшиза да направам победнички тим, дестинација во која ќе сака да дојде секој слободен играч и да ја освојам шампионската титула. Успеав да исполнaм многу цели, додека некои не, разочаран сум од што тоа се случи, особено кога знаете дека вашиот тим може да биде шампион“, рекол Риверс.

Scroll to Top