Ајван Тоуни, напаѓачот на Брентфорд кој е под истрага поради масовното обложување на фудбалски мечеви во последните неколку години, прво им се приклучи на Хери Кејн (26) и Ерлинг Халанд (20), како единствен напаѓач со 20 гола во Премиерлигата во 2022 при 2:0 победата на гости кај Вест хем, за потоа да добие посериозна повреда во финишот на мечот и на носилки да биде изнесен од теренот.
Тоуни ги шокираше домашните навивачи во 18. минута за водство на Брентфорд, за Џош Дасилва во финишот на првото полувреме да го удвои водството. „Чеканите“ се обидоа да се вратат во мечот во второто полувреме, но ја завршуваат мизерната половина на 2022 со пет порази во низа и дури 11 во 17 меча оваа сезона.
Брентфорд се на 9. место на табелата со 23 поени, додека Вест хем се на 17. место со 14 поени, само еден над зоната за испаѓање, каде што се Вулверхемптон и Нотингем (со натпревар помалку).