Top Sport

Трабзонспор сака да го раскине договорот со повредениот Оршиќ?

Мислав Оршиќ ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе паузира седум до девет месеци. Хрватскиот офанзивец тешко се повреди на неделниот тренинг на Трабзонспор во Крањ. Оршиќ падна по еден дуел со соиграчот Хакан Јесил и почна да липа од болка.

Турскиот медиум „Фанатик“ пишува дека Трабзонспор сака да го раскине договорот со Оршиќ и да тргне по играч кој би го заменил.

„Договорот ќе биде раскинат. Повредата на Оршиќ ги наруши плановите во Трабзонспор. Се дознава дека тренерот Бјелиќ, кој имал големи очекувања од Оршиќ, по ваквиот развој на ситуацијата имал средба со раководството. Одлучено е да се раскине договорот, без да бидат доведени во прашање правата на фудбалерот“, пишува „Фанатик“.

Хрватските медиуми наведуваат дека сепак тренерот Ненад Бјелица нема да дозволи таков развој на настаните.

Scroll to Top