Top Sport

Трабзонспор сака да купи уште еден македонски репрезентативец

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми е трансферна цел на Трабзонспор, пишуваат турските медиуми. Тој одигра одлична сезона во тимот на Истанбулспор и го привлече вниманието на големите клубови во Турција. Трабзонспор е подготвен сериозно да плати за да го доведе во својот тим.

Новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица, тргна во реновирање на тимот, го купува Бруно Петковиќ од Динамо Загреб, а сака токму Валон Етеми да биде негов партнер во навалната линија.

Етеми има договор со Истанбулспор до 2025 година, а минатата сезона постигна 12 гола во дресот на Истанбулспор во турската Суперлига.

Член на Трабзонспор е и Енис Барди, а е една од желбите на Ненад Бјелица е и Аријан Адеми, но тој има цврст договор со кинескиот клуб Пекинг Гуан.

 

Scroll to Top