Баерн Минхен, традиционално, пред стартот на Октоберфест и новата бундеслигашка сезона имаат тимско фото во кои се со пиво од своите спонзори „Пауланер“, облечени во баварски „ледерхозен“, кожни кратки панталони.
Сепак, не се сите по пивото. Новите засилувања на тимот, Мароканецот Нусаир Мазрауи и Сенегалецот Садио Мане, решија да се фотографираат без пиво во рака, поради нивната муслиманска вера.