Top Sport

Трагедија во Ремс – се самоуби докторот на клубот по позитивниот тест на корона вирус

Жан-Пјер Калио, претседателот на францускиот прволигаш, Стад де Ремс, потврди дека нивниот доктор Бернар Гонзалез се самоубил откако имал позитивен тест на корона вирусот.

60-годишниот Гонзалез бил официјален доктор на Ремс 23 години, и според францускиот весник „Ле паризиен“ се решил на овој драстичен потег откако бил позитивен на КОВИД-19. Од клубот, сега официјално ја потврдуваат веста.

„Не можам да најдам зборови, шокиран сум и занемен пред овие вести. Оваа пандемија влијае во срцето на Ремс како клуб. Загубивме голем професионалец, кој беше со нас повеќе од 20 години и секогаш работеше професионално и несебично. Во најтешките моменти за клубот, тој беше волонтер и секогаш мој пријател. Тој ми беше и личен доктор и денеска во мислите ми се неговата сопруга и неговите родители. Ова е драма која не погоди сите нас“, изјави претседателот Калио.

Scroll to Top