Црвена звезда по голема драма на преполната „Маракана“ одигра 2:2 со Макаби Хаифа во реваншот од баражот за влез во Лигата на шампионите, со вкупен резултат 5:4 Израелците изборија место во елитата, а српскиот шампион ќе игра во фазата по групи во Лига Европа.
Црвена звезда не успеа да ја оствари целта и покрај тоа што во 43.минута имаше предност од 2:0. Трагичар беше Милан Павков, кој во 90.минута со постигна авто-гол за 2:2.
По мечот Павков плачеше на средината на теренот, додека соиграчите и членовите на стручниот штаб безуспешно се обидуваа да го утешат. Навивачите на Звезда го поздравија со овации, но ниту тоа не го утеши Павков.
Капитенот на Црвена звезда, Милан Борјан по драмата најмногу зборуваше за својот пријател Павков и отфрли секаква идеја дека Павков е трагичарот.
„Каков трагичар? Милан Павков ни донесе многу среќа, кој и да го осуди не е вистинсски фан на Црвена звезда. Павков тоа многупати го покажа и ни донесе многу радост, кој и да ги осуди овие играчи не е вистински ѕвездаш“, изјави Борјан.