Top Sport

Трајковски и Роналдо, заедно во тимот на колото во Саудиска Арабија

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски заслужи место во тимот на колото во Саудиска Арабија. Тој беше стрелец на голот за Ал Фејха во ремито (1:1) на гости против Ал Тавон.

Интересно е дека Трајковски се наоѓа во тимот на колото заедно со најголемата ѕвезда во Саудиска Арабија, Португалецот Кристијано Роналдо. Тој постигна хет-трик за едно полувреме во дресот на Ал-Наср на дуелот против Дамак.

Scroll to Top