Top Sport

Трајковски како замена за Мајорка, Одегард донесе три поени за Сосиедад  (видео)

Александар Трајковски влезе како замена за Мајорка во мечот од второто коло во Ла лига против Реал Сосиедад, но неговиот тим не успеа да освои поени и загуби 0:1 од баскискиот фаворит, додека во вториот вториот меч од овој термин помеѓу Алавес и Еспањол немаше голови.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 58. минута од мечот на местото на Фебас, но трите поени заминаа за Сан Себастијан откако позајмениот фудбалер од Реал Мадрид, Мартин Одегард стрелаше во 83. минута од мечот. Мајорка има една победа и еден пораз во новата сезона.

Scroll to Top