Top Sport

Трајковски од клупа ја гледаше силата на Реал – „Кралот пак е на тронот“

Два гола во мрежата на Мајорка беа доволни вечерва за Реал Мадрид повторно да ја прескокне Барселона и да го заземе лидерското место во Ла Лига. „Кралевите“ со 2-0 славеа победа во рамки на 31 коло, со по еден гол во двете полувремиња.

Најпрво Винисиус во 19 минута погоди за воведни 1-0, а конечните 2-0 ги постави дефанзивецот Серхио Рамос со прекрасен слободен удар од 20-тина метри.

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски иако беше на клупата за резерви кај Мајорка, не доби шанса за настап.

Реал е на врвот со 68 бода, ист број бодови има и Барса на втората позиција, но мадридскиот клуб има подобар меѓусебен скор со Каталонците.

Scroll to Top