Top Sport

Гасперини: На фудбалерите на Аталанта не им треба тренер!

Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини вели дека на неговите фудбалери веќе не им е потребен ниту тој, бидејќи секогаш знаат што треба да направат, по импресивната кам-бек победа од 3:2 над Лацио.

Гасперини беше на трибините поради претходен црвен картон, а неговиот тим ги уништи надежите на Лацио за титула во еден импресивен натпревар.

„Не е забавно да си на трибините, бидејќи не можеш да интервенираш ниту со мали совети. Но, од друга страна беше сосема задоволувачки да се гледа, бидејќи мислам дека на овој тим не му е потребен ниту тренер бидејќи знаат што точно треба да направат. Имаат зрелост и доверба во својот фудбал, која останува секогаш и при тешки моменти. Да се вратиш од 2:0 против тим како Лацио, малку тимови го можат тоа“, вели Гасперини.

Аталанта со пресврт-победа над Лацио, најголем профитер – Јуве(видео)

Scroll to Top