Top Sport

Трајковски потпиша за Хајдук Сплит

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски (31) потпиша за Хајдук. Во редовите на клубот од Сплит дојде како слободен играч откако му истече договорот со Саудиска Ал Феиха. Клубот го претстави во специјално видео.

Трајковски е најпознат по настапите за Палермо и по голот за македонската репрезентација со кој ги уништи соништата на Италија на Светското првенство во Катар.

„Имам големо искуство, поминав низ неколку силни лиги, многу настапи за репрезентацијата и се надевам дека ќе придонесам за Хајдук и за целите кои клубот ги има зацртано. Добро го познавам Хајдук, имаме навистина добар тим, сите знаат што значи овој клуб и навистина сум среќен што ќе бидам дел од оваа приказна“, рече Трајковски.

Веќе играше во хрватското првенство како 17. годишник дојде во Интер од Запрешиќ во летото 2010 година како тинејџер од скопска Цементарница. Во сезоната 2010/2011 одигра само десет натпревари како првотимец за Интер, но тоа му беше доволно да постигне три гола и четири асистенции. Постигна и намести голови против Локомотив, Шибеник, Хрватски Волонтери и Риека, а потоа замина за 1,1 милион евра во белгиски Варегем.

Подоцна македонскиот херој играше за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и споменатиот саудиски клуб. Најистакнат беше во Палермо, каде на 113 настапи постигна 20 гола и запиша 16 асистенции и во Варегем, за кој постигна 13 и имаше 11 асистенции на 95 натпревари. На 84 настапи за Македонија постигна 21 гол.

Фото/Index.hr

Scroll to Top