Александар Трајковски им донесе водство на Палермо над Падова од 1:0 со помалку среќен гол во 14. минута, за веќе во следната минута, гостите да израмнат и мечот да заврши 1:1 што секако не им одговара на „розевите“ од Сицилија во борбата за пласман во Серија А.
Палермо имаше среќа што не го загуби и тој поен од претпоследниот клуб во Серија Б, откако гостите утнаа пенал во 40-тата минута од мечот.
Палермо останува на третото место во Серија Б со 37 поени, четири поени пред Беневенто, но и три поени зад второпласираниот Лече и шест зад првите фаворити за влез во Серија А, Бреша.