Top Sport

Трајковски влезе од клупа, Мајорка повторно загуби (видео)

Александар Трајковски, конечно, доби шанса да влезе во игра за Мајорка, но неговиот клуб го загуби вториот меч по рестартот на Ла лига, губејќи со 1:0 на гостувањето кај Вилјареал и сега ги очекува тешка задача во борбата за опстанок. Во првиот меч од рестартираната сезона, Мајорка дома загуби со високи 0:4 од Барса.

„Жолтата подморница“ дојде во водство уште во 16. минута преку Карлос Бака, гол што на крајот беше вреден три поени со кои Вилјареал се искачи на седмото место на табелата. Мајорка е во зоната на испаѓање на 18. место со 25 поени, еден помалку од 17-пласираниот тим на Селта Виго.

Во вториот вечерен меч во Ла лига, Хетафе одигра само 0:0 со Еспањол, пропуштајќи шанса да се врати на четвртото место на табелата. Еспањол се претпоследни со 24 поени, еден помалку од Мајорка.

ЛА ЛИГА, 29.КОЛО

Вилјареал – Мајорка 1:0

Хетафе – Еспањол 0:0

Scroll to Top