Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе му го предаде трофејот на победникот на Светското првенство.
Финалето на Светското првенство ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, а Трамп потврди дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, лично го замолил да учествува на церемонијата на доделување на трофејот.
„Мислам дека Џани заврши фантастична работа и да, ме замоли да го доделам трофејот“, рече Трамп на прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Инфантино, исто така, објави дека претседателот на САД ќе биде дел од церемонијата на затворањето и заедно ќе присуствуваат на финалето.
„Ќе бидеме таму со претседателот, ќе уживаме во финалето и, секако, ќе му го предадеме трофејот на победникот“, рече Инфантино.
