Адама Траоре, крилниот играч на Вулверхемптон, добил повик од селекторот на Мали, за пријателските натпревари кои оваа селекција ќе ги одигра во октомври.
Траоре е роден во Шпанија и играл за младинските селекции на „црвената фурија“. Два пати добил повик за сениорскиот тим на Шпанија меѓутоа се уште не успеал да дебитира.
Во ноември 2019 година го откажа настапот поради повреда, а пред два месеци го одби повикот поради коронавирусот.
Бидејќи неговите родители се од Мали тој добил повик од селекторот на оваа африканска репрезентација.
„Голема чет ми претставува што ме сакаат две репрезентации“, рекол 24 годишниот фудбалер без да одговори дали ќе го прифати повикот од земјата на неговите родители.
Траоре досега во кариерата одиграл два натпревари за младата и 10 натпревари за јуниорската репрезентација на Шпанија.