Во фудбалот постојат тренери што се подготвени да направат се за својот тим, па дури и да клекнат пред судијата. Токму тоа го направи предводникот на ЦСКА Софија, Британецот Нестор ел Маестро.
Славниот тим од Софија, во дербито на колото, за противник го имаше Лудогорец. Во финишот главниот судија решил да надополни две минути.
Несреќен поради оваа одлука, Ел Маестро, паднал на колена пред судијата и го молел да додаде уште некоја минута, за неговиот тим да има повеќе време да стигне до победа.
На крајот натпреварот заврши 1:1.
„Жалам што така реагирав. Само сакав мојот тим да биде третиран онака како што заслужува“, рекол тренерот по завршувањето на натпреварот.
https://twitter.com/shumansko/status/1070800108277694464